Променливо облачно со повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали.

Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на на повеќе места низ земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи.

Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со услови за утринска магла

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево време со умерена облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд