Променливо облачно, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени

Денеска променливо облачно со повремен снег

Претежно сончево со мала облачност, температури до 13 степени

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди