Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време, а во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Осум лица загинаа во поројните дождови во делови од Југоисточна Азија

Денеска облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

А1он

УХМР: Утре дожд и грмежи, во Скопје е можно краткотрајно невреме

Горан Наумовски

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди ќе има појава на пороен дожд и грмежи

Денеска облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи