Променети локациите на три избирачки места во општина Гевгелија

Од:

Општинската изборна комисија во Гевгелија, надлежна за организирање и спроведување на референдумот на 30 септември, денеска соопшти дека на територијата на општина Гевгелија е извршена промена на локацијата на три избирачки места.

Според решение за утврдување и објава на описите на избирачки места, ОИК Гевгелија информира дека гласачите запишани на избирачкото место 0347 кое се наоѓаше во Управата за јавни приходи, своето право на глас во недела ќе можат да го остварат во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Гевгелија.

Во Негорци избирачкото место 0357 од просториите на месната заедница е преместено во Домот на културата во Негорци, а во Миравци избирачкото место 0362 од библиотеката е преместено во просториите на основното училиште „Климент Охридски“.

Гласачите од избирачкото место 0366 од селото Габрово, правото на гласање ќе го остварат во Младинскиот дом во соседното село Петрово затоа што на гласачкиот список од тоа избирачко место има помалку од 10 гласачи.

Нова локација доби и ОИК Гевгелија која сега се наоѓа на улица „Борис Карпузов“ во дворот на стариот Извршен совет.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди