Промена на времето: Дожд, снег и пониски температури

Од:

Облачно време со врнежи од дожд и снег на планините и на повисоките места каде ќе се формира и нова снежна покривка најавува Управата за хидрометеоролошки работи од понеделник во вечерните и ноќните часови.

Според УХМР, промената на времето под влијание на влажен и студен бран ќе услови пад на температурите.

– Во понеделник во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање, најави УХМР.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.

Како што информираше претходно УХМР, утре и в понеделеник ќе се задржи стабилно и топло врме есо мала доумерена облачност и со умерене ветер претежно од западане правец. Максималните температури ќе достигнат до 24, односно до 23 степени, а по промената в понеделеник во вторник ќе изнесуваат максимум 12 степени.

Би можело да ве интересира

Земјоделците да ги прилагодат своите активности на временските промени, апелираат агрометеоролозите

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар