Промена на распоредот за работа во Основиот суд Скопје 1

Од:

Денеска судиите од Основен суд Скопје 1 одржаа седница на судии која што ВД претседателот на судот ја закажал 8 дена претходно.

Седницата била закажана откако во текот на месец мај и јуни оваа година судиите одржале состаноци на кои ги истакнале потребите од измени во распоредот за работа. На состаноците судиите ја истакнале потребата од зголемување на бројот на судии во областа на претходна постапка поради заминување на еден судија во пензија и потребата во таа област да се обезбедува секојдневно дежурство.

Судиите од областа на извршување на санкции истакнале потреба за зголемување на бројот на судии кои ќе постапуваат по тие предмети бидејќи бројот на предмети од тој вид до месец Јуни е зголемен за 20% во однос на бројот на предмети од тој вид на почетокот на годината.

Судиите од областа на прекршоци –сообраќај истакнале дека не им е потребно зголемување на бројот на судии бидејќи во таа област, односно по сите видови прекршоци, бројот на предмети е намален за 5000 предмети или 1/3 во однос на бројот на почетокот на годината. Имајќи ги во вид предлозите и мислењата на судиите како и анализата која тој ја направи, ВД претседателот на судот го измени распоредот за работа во таа насока.

Во однос на поделбата на предметите од областа на кривични полнолетни за постапување по стар и нов ЗКП прифатен е предлогот на судиите таквата поделба, која е направена пред неколку години, да престане со оглед на фактот дека поголем дел од старите предмети се решени, а и судиите кои постапуваат по стар ЗКП немаат доволен фонд на предмети за работа.

Поединечното распоредување на судиите е направено согласно нивните желби и по претходен разговор со нив и нивна согласност.

При измената на распоредот за работа се имале во вид и содржините на приговорите кои судиите претходно ги имаа доставено до Врховниот суд на РМ на актуелниот распоред и голем дел од тие забелешки со оваа измена се прифатени.

На седницата на судиите, сите присутни судии дале позитивно мислење за предложените измени во распоредот за работа.

На истата седница на судии било формирано и ново работно тело за управување со движењето на предметите во судот кое треба да ја анализира состојбата со движењето на предметите-прилив, решавање и заостаток- и да му дава предлози на претседателот на судот во врска со тие состојби.

Секое поврзување на измената на распоредот за работа со поднесените обвиненија од страна на СЈО, изнесено во одредени медиуми, е израз на непознавање на текот на кривичната постапка и води кон дезинформирање на јавноста, информираа од судот.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on