• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Пролонгирано тестирањето на вработените во најголемата штипска градинка

by А1он01/06/2020 - 12:2001/06/2020 - 12:38318
Share0

Одложено е тестирањето на вработените во детската градинка „Астибо“ во Штип, каде што има и најголем број вработени во петте клонови низ градот Штип.

Добивај вести на вибер

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска, вели дека од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Штип ги известиле дека тестирањето ќе биде одложено, бидејќи се прави масовен скрининг на текстилните работнички кои работат во конфекцијата од каде што почна да се шири заразата и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси од оваа конфекција.

– Во нашата установа денеска требаше да се тестираат 137 вработени од петте клонови, вклучувајќи ги сите вработени, меѓу кои и администрацијата, вели Трајчевска.

Таа додава дека тие како установа ги преземаат сите мерки и протоколи што им се дадени од страна на ресорното министерство и Влада.

Штипскиот Центар за јавно здравје од денеска требаше да го почне тестирањето на вработените во градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш. Според списоците кои ги имаат добиено во штипската градинка „Астибо“ треба да се тестираат вкупно 137 вработени, а во „Вера Циривири-Трена“ 91 лице. Во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во детската градинка.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен