Пролетно чистење на општина Центар

Од:

Општина Центар започна со редовното пролетно чистење. Оваа година, акцијата стартува во Градски Sид, односно во сите негови сегменти. Вчера машински се чистеа улиците, плочниците и тротоарите на просторот позади „Просветно дело”, кај Францускиот културен центар и полициската станица Беко-Центар.

Од денес започнува машинското чистење позади „Агромеханика”, кај популарниот „Плочник”.

„Еко-бригадата за чист Центар” работи со голема цистерна од 8 метри кубни за миење на улиците, специјално возило со капацитет од 3 метри кубни за собирање на сметот на пешачки и други патеки, зглобна цистерна за миење на тротоарите и велопатеките, метачка или шмит машина за метење на улиците и патеките со четки за собирање на прашината и две сезонски машини за вшмукување на лијса.

Се користат и посебни еколошки средства за чистење и дезинфекција на плочниците, тротоарите и деловите од улиците.

Општината продолжува со редовното рачно собирање на сметот, а наскоро почнува и косењето на тревните површини. По чистењето кај Францускиот културен центар, општина Центар продолжува со пролетното генерално чистење во Маџир Маало, Крњево и Кале.

Жителите на Центар ќе можат да се јавуваат и да ја повикаат „Еко-бригадата” на телефонскиот број 02/3203-600, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски