Прокиснат покрив, допрва ќе се прави проект за реконструкција

Од:

Министерството за образование преку Бирото за јавни набавки објави оглас за изработка на проект за реконструкција на Државното музичко училиште во Битола.

Рокот да се достават понудите истекува на на 1-ви октомври.

prokisnat-pokriv1

И додека се изготвува проект за реконструкција на музичкото училиште временските услови се влошуваат, а учениците во Битола учат во нехумани услови.

Прокиснат покрив, влага по ѕидовите, а водата од дождовите се собира со кофи. Родител кој се пожали на ектремно лошите услови за А1он објасни дека училиштето не ги задоволува минималните услови за одвивање на наставата.

prokisnat-pokriv2

Освен променетата фасада на музичкото училиште и сменетите стари прозори и врати со нови, проблемите остануваат нерешени.

Родителите посочија дека при поројни дождови вода капе од сите страни, а освен клупи во училниците се поставуваат кофи.

prokisnat-pokriv3

Во февруари годинава, протестот на родителите и учениците од музичкото училиште не донесоа промена во оваа образовна институција освен “фејс лифтинг“ на старата зграда.

prokisnat-pokriv14

Веста за лошите услови во музичкото училиште во Битола го обиколи светот, а веста заслужи внимание и од реномираниот CNN.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките