Произведени и донирани 6.500 визири, апел за помош при набавка на варелит

Од:

Групата активисти од „3Д принт медицинска опрема“ која до 7 април произведе и дистрибуираше 6.500 заштитни маски со визири, финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми, апелира за поддршка во снабдување со верелит (проѕирниот дел од визирот) затоа што има потешкотии за негов увоз.

-Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ апелира до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да ни се обратат. Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на обслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи, велат од „3Д принт медицинска опрема“.

Како што информираат, процесот за снабдување на приватните здравствени установи се уште e во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.

Навивачката група „Комити“ донирале 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница “8ми Септември”, стои во информацијата од иницијативата на групата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски