Прогресивниот синдикат за образование бара наставничките совети сами да одлучуваат за моделот на настава од 1 декември до 31 март

Од:

Прогресивниот синдикат за образование (ПСО), член на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Министерството за образование и наука да дозволи наставниците на наставнички совети да може да одлучат дали наставата да ја организираат со физичко присуство или онлајн во периодот од 1 декември 2021 до 31 март 2022 година.

Барањето го образложува со актуелните услови – сезона на грипови и влошување на состојбата со пандемијата од КОВИД-19, како и поради енергетската криза во државава.

– Доколку состојбите со пандемијата се подобрат, учениците би можеле во последното тримесечие да се вратат во училишните клупи и со успех да ја завршат учебната 2021/2022 година. Покрај здравствена заштита, овие измени ќе овозможат и заштеда на енергија, како и помало загадување од училиштата што се затоплуваат со други горива, наведува ПСО во барањето до МОН.

Во соопштението, потпишано од претседателот на овој синдикат, Влатко Секулоски, се бара и итно решавање на статусот на околу 4000 вработени во образованието кои работат со договори на определно време.

– Покрај ветувањата, освен вработените во стручните служби и техничкиот персонал во училиштата, кои може веднаш да бидат вработени на неопределно време, но не и наставниците. Се залагаме и препорачуваме оваа неправда итно да се исправи. Изненадени сме што засега единствениот репрезентативен синдикат во образованието е индиферентен кон претстојните предизвици на образовниот систем и наставниот кадар, наведува Прогресивниот синдикат за образование.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on