„Прогрес“: Опозицијата води во повеќе градови, бројот на неопределени голем

Од:

Анкетите покажуваат различни резултати за тоа кој добива а кој губи во одделни општини.
Денеска излезе анкетата на Институтот за социјална демократија „Прогрес“ спроведена преку телефон од 13 до 17 март на примерок по случаен избор на 800 до 1.000 испитаници на општинско ниво.

Според анкетрираните, кандидатите за градоначалници и советничките листи на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ се во предност пред кандидатите на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во неколку општини.

ЦЕНТАР
38,4 отсто од испитаниците во Општина Центар одговориле дека ќе гласаат за Андреј Жерновски, за Владимир Тодоровиќ 27,2 отсто, а не знаеле за кого 32,6 отсто.
На прашањето „Ако не е тајна, за која советничка листа ќе гласате на локалните избори во Вашата општина?“ во Општина Центар СДСМ (Сојуз за иднината) води со 39,1 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ со 28,4 отсто, а немале одговор 29,6 отсто.

СТРУМИЦА
Во Општина Струмица за Зоран Заев се изјасниле 42,3 отсто, за Васил Пишев 21,3 отсто, а немале одговор 35 отсто.

По советнички листи резултатот во Струмица бил СДСМ (Сојуз за иднината) 23,4 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 18,8 отсто, се уште не знаат 56,6 отсто.

ВЕЛЕС
Во Општина Велес за Аце Коцевски се изјасниле 31,4 отсто, за Славчо Чадиев 17,6 отсто, се уште не знаат 49,6 отсто.

По советничка листа во Велес СДСМ (Сојуз за иднината) освоил 21,7 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 18,4 отсто, се уште не знаат 59,1 отсто.

БИТОЛА
Во Општина Битола за Менде Диневски би гласале 22,3 отсто, за Владимир Талевски 20,1 отсто, се уште не знаат 52,2 отсто.

По советничка листа во Битола за СДСМ (Сојуз за иднината) се изјасниле 20,9, ВМРО-ДПМНЕ 18,5 отсто, немаат одговор 58,2 отсто.

ОХРИД
Во Општина Охрид за Александар Петрески би гласале 31,3 отсто, за Никола Бакрачески 22,6 отсто, а се уште не знаат 45,5 отсто.

По советничка листа во Охрид СДСМ (Сојуз за иднината) води со 26,2 отсто, ВМРО-ДПМНЕ е втор со 20,4 отсто, а се уште не знаат 53,1 отсто.

КАРПОШ
Во Општина Карпош за Андреј Петров се изјасниле 25,9 отсто, за Јагнула Куновска 14,5 отсто, за Стевчо Јакимовски 18,1 отсто, а се уште не знаат 41 отсто.

За советничките листи во Општина Карпош СДСМ (Сојуз за иднината) води со 20,6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, кој има 11,5 отсто, а неопределени се 64,5 отсто.

КОЧАНИ
Во Општина Кочани за Миле Андонов би гласале 24,9 отсто, за Ратко Димитровски 20,1 отсто, а неопределени се 54,7 отсто.

По советнички листи во Кочани, СДСМ (Сојуз за иднината) има 22,3 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 18,4 отсто, а се уште не знаат 58,8 отсто.

КУМАНОВО
Во Општина Куманово за Зоран Дамјановски се изјасниле 31,9 отсто, за Зоран Горѓиевски 18,6 отсто, за Виктор Цветковски 3,8 отсто, а неопределени се 43,3 отсто.

По листите за советници во Куманово СДСМ (Сојуз за иднината) води со 25,8, ВМРО-ДПМНЕ има 18,1 отсто, неопределени се 55,3 отсто.

КИСЕЛА ВОДА
Во Општина Кисела Вода за кандидатот на СДСМ, Љупчо Васовски, се изјасниле 23,6 отсто, за Билјана Беличанец 20,4 отсто, а се уште не знаат 52,6 отсто.

По листите во Кисела Вода СДСМ (Сојуз за иднината) со 19,5 отсто е во мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ кој има 18,2, а неопределени се 61,7 отсто.

СКОПЈЕ
Во Скопје за Јани Макрадули би гласале 27,9 отсто, за Коце Трајановски 26,4 отсто, а се уште не знаат 41,8 отсто.

По листите во Скопје СДСМ (Сојуз за иднината) има 23,6 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 21,3 отсто, ДУИ 7,1, ДПА 3,1, а се уште немаат одговор 43,1 отсто.

ПРИЛЕП
Во Општина Прилеп Хари Локвенец го избрале 25,7 отсто, Маријан Ристески 23,1 отсто, се уште не знаат 50,6 отсто.

По листите во Прилеп СДСМ (Сојуз за иднината) има 21,5 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 19,2 отсто, се уште не знаат 58,7 отсто.

РАДОВИШ
Во Општина Радовиш за Игор Милев се изјасниле 20,7 отсто, за Сашко Николов 23,4 отсто, а неопределени се 55,9 отсто.

По листите во Радовиш СДСМ (Сојуз за иднината) има 18,9 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 22,2 отсто, а се уште не знаат 58,2 отсто.

ПЕХЧЕВО
Во Општина Пехчево за Драган Тренчевски би гласале 15,8 отсто, за Игор Поповски 25,4 отсто, а се уште не знаат 58,6 отсто.

По листите во Пехчево води ВМРО-ДПМНЕ со 24,6 отсто, пред СДСМ (Сојуз за иднината) со 11,9 отсто, а се уште немаат одговор 63,1 отсто.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Во Општина Ѓорче Петров за Александар Наумоски се изјасниле 20,4 отсто, за Сокол Митровски 18,1 отсто, се уште не знаат 60,9 отсто.

По листите во Општина Ѓорче Петров, СДСМ (Сојуз за иднината) има 17,1 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 17 отсто, се уште не знаат 65,2 отсто.

АЕРОДРОМ
Во Општина Аеродром за Диме Велковски би гласале 18,7 отсто, за Ивица Коневски 17,5, се уште не знаат 63 отсто.

По листите во Аеродром СДСМ (Сојуз за иднината) има 15,8 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 14,9 отсто, а немаат одговор 68,9 отсто.

На прашањето „Во каква насока се движи Република Македонија?“ 72,7 отсто одговориле во „погрешна“, 24, 3 отсто во „правилна насока“.

На прашањето „Дали сметате дека по случувањата од 24 декември 2012 година оправдани се барањата за предвремени парламентарни избори?“ 44,6 отсто одговориле со „Да“, 38,8 со „Не“, а „Не знам/Немам одговор“ рекле 16,6 отсто испитаниците.

Резултатите се подложни на статистичка грешка од +/- 3,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов