Прогнозите за пикот на вирусот засега остануваат исти, се изработува детална анализа

Од:

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу 2.000 лица. Сепак, министерот за здравство Венко Филипче најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува.

Анализата, како што посочи Филипче, би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.

– Планираме детална анализа која сакаме да ја споделиме со јавноста во текот на викендот или на почетокот на следната недела. Би биле присутни и експерти од областа на епидемиологијата, а ќе се однесува на очекувањата и временскиот интервал кога што би можеле да очекуваме. Начелно, сегашните анализи и податоци укажуваат дека остануваме на истата прогноза, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали остануваат на прогнозата на 2.000 заболени и пик кон крајот на април.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски