Прогласени најдобрите угостителски објекти меѓу најдобрите и избор на најдобро кафуле за 2017 година

Од:

Град Скопје, традиционално во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ-Скопје избираат „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ и најдобро кафуле во град Скопје. Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по десети пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе барови на подрачјето на град Скопје.

Плакетите на најдобрите, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Овие проекти произлегуваат од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2017 година. Наша цел е преку овие настани да ја потенцираме важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да го подигнеме општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти во Градот – истакна Шилегов.

Тој посочи дека во нашите угостителски објекти, во кои сопствениците внимаваат и на најмалите детали, се трудат се да биде совршено и проверено, создаваат уникатен впечаток, се чувствува духот на македонската традиција, гостопримството и љубезност, а во Скопје посветено работат на креирање на амбиент на фамилијарна топлина, како и на потребата да се понудат неверојатно вкусни јадења.

-Се надеваме дека резултатите од ова истражување ќе бидат земени предвид од угостителите во градот и ќе резултираат со отстранување на недостатоците. Тоа ќе влијае на подобрување на услугата во иднина, во полза и на корисниците на услугите, и на сопствениците на угостителските објекти, што секако ќе придонесе и за развојот на економијата во Градот Скопје- изјави градоначалникот Шилегов.

Според оценките најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови во градот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат денеска добија признанија за својот квалитет и престиж.

Годинава за најдобри три ресторани се избрани: 1.„ Оливе“, 2.„Лајт џез клуб“ и 3.„Македонска куќа“, најдобри три гостилници се: 1. „Сношти минав“, 2. „Кафана“ и на третото место се пласираше „Скара бар“, а најдобри во категоријата кафе барови се: 1.„ Рок Бар Круг“, 2. „ Mr. Jack“ и 3. „ Speakeasy“.

Кристијана Ивановска Доревска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 септември за кафе баровите и од 1 до 31 октомври за рестораните и гостилниците, биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а во кафулињата имало 210 посети, секој угостителски објект бил посетен 3 пати.

Овие проекти што се реализирани од Секторот за локален економски развој на Град Скопје се повеќе го будат интересот кај угостителите, но и кај јавноста. Целта е да се разбуди свеста и кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во оваа дејност, што ќе го придонесе за подобрување на амбиентот во сите угостителските објекти во Скопје.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он