Прогласени најдобрите ресторани и гостилници во Скопје

Од:

Рестораните „Гурмет“, „Национал“ и „Аванти“, како и гостилниците „Капка“, „Галерија“ и „Кај чичо 2“ се најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2012 година.

Ова го покажа истражувањето на SWOT агенцијата за тајно купување (мистери шопинг)спроведено врз вкупно 100 објекти, од 15 октомври до 15 ноември 2012, чија цел е подигање на свеста за обезбедување квалитетна услуга на клиентите.

– Според статистиката, бројот на туристите што го посетуваат Скопје драстично се зголемува. Притоа, освен што треба да ги видат знаменитостите, особено е битно и добро да ги пречекаме, преку љубезноста и гостоприливоста да им понудиме традиционална македонска храна со која можеме да се пофалиме и нескромно да кажеме дека имаме една од најдобрите кујни во светот, рече градоначалникот Коце Трајановски пред врачувањето на признанијата.

Според него, многу е битно каков впечаток ќе добијат гостите за нас и дали повотрно ќе се вратат тука.

– Знаменитостите, културата, традицијата не се значајни толку без нашата гостопримливост и квалитетната услуга што може да им се понудат не само на туристите, туку и на нашите граѓани кои исто така заслужуваат одличен третман во својот град, нагласи Трајановски.

Тајните купувачи ги посетуваа угостителските објекти по три пати, а ги оценуваа според шест клучни критериуми, прв контакт (поздравување и упатување кон местото за седење), изглед на просторијата (хигиената на просторот, масата и приборот за јадење), услуга на келнерите (љубезноста, брзината), квалитет на храната (количина и соодветност на порција) и завршен контакт (поздравување при заминување). Генерален е заклучокот дека и рестораните и гостилниците во Скопје го подигнале квалитетот на услугата од аспект на сите анализирани елементи. Вкупно 22 од испитаните 50 гостилници и 19 од 50-те ресторани оствариле над 90 отсто резултат.

Ова е петта година по ред како Градот Скопје и SWOT агенцијата го спроведуваат ваквото истражување.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен