Професорскиот пленум организира дебата со кандидатите за ректор на УКИМ

Од:

„Изборот на ректор на најголемиот јавен универзитет во Република Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, влегува во завршна фаза.

Чувствувајќи дека процесот за избор се одвива недоволно транспарентно и со намера да се воспостават нови практики и стандарди, членови на Професорскиот пленум кои потекнуваат од УКИМ иницираа, а Професорскиот пленум прифати организирање на јавна дебата во која ќе учествуваат кандидатите за ректор и членовите на академската заедница.

Целта на ваквата дебата е аргументирањето на различните програми и концепти за развој на универзитетот и високото образование како и културата на дијалог да станат клучни сегменти во процесот на избор на ректор. Професорскиот пленум ќе поддржи слични иницијативи и за другите универзитети во Република Македонија, придонесувајќи кон отвореноста на процесите за избор и нивната втемеленост во принципиелен натпревар помеѓу различни вредности и визии.

На дебатата која ќе се одржи на 7.06.2016 година во 18 часот на Факултетот за земјоделски науки и храна, се очекува кандидатите за ректор да ги изнесат основните елементи на своите програми и да се произнесат за клучни прашања поврзани со високото образование, науката и творештвото, како и за општествениот амбиент во кој тие се остваруваат. Исклучително важен сегмент на овој настан ќе биде можноста присутните членови на академската заедница да поставуваат прашања и во директна комуникација со кандидатите да дебатираат за нивните изнесени ставови.

Ги повикуваме сите членови на академската заедница, а особено студентите, како и членовите на Ректорската управа и новиот состав на Универзитетскиот сенат коишто непосредно учествуваат во изборот на идниот ректор на УКИМ, активно да се вклучат во дебатата со што ќе покажат дека го преземаат својот дел од општествената одговорност за развојот на Универзитетот и високото образование“, стои во повикот на Професорскиот пленум.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова