Професорскиот пленум недвосмислено и јавно ги поддржува најавените протести на СОНК

Од:

„Професорскиот пленум изразува безрезервна поддршка на членовите на СОНК, охрабрувајќи ги да продолжат со штрајкот се до постигнување на крајната цел и исполнување на нивните барања.

Правото на штрајк е уставно загарантирано во Р. Македонија и никој нема право да го спречува, посебно не носителите на јавни функции и претставниците на власта.

Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата е членовите на СОНК да бидат јавно поддржани од сите граѓани да истраат во нивната битка за остварување на зацртаните цели и подобрување на условите во кои работат просветните и културните работници.

Професорскиот пленум недвосмислено и јавно ги поддржува најавените протести организирани од СОНК кои се планираат во текот на оваа недела и ги повикува своите членови да се приклучат кон нив, изразувајќи на овој начин солидарност со своите колеги наставници“, се вели во соопштението на Професорскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски