Професорскиот пленум бара Сенатот да свика итна седница

Од:

По одбивањето на ректорот да свика итна седница на Сенатот на УКИМ, Професорскиот пленум бара тоа да го направат сенаторите, за да може пред медиумите, јавноста да дознае кој дал дозвола за сечењето на дрвјата и кој повикал специјална полиција во универзитетот.

Согласно Статутот на УКИМ, Ве повикуваме да го искористите Вашето законско право и да побарате свикување итна и јавна вонредна седница на Сенатот на УКИМ, која би се одржала најрано на 8-ми, а најдоцна на 15-ти јануари 2016 година и на која ќе присуствуваат и претставници на Студентскиот пленум, на Мугра, на Професорскиот пленум, како и претставници на медиумите, со следните точки на Дневен ред:

-Дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот, во доцните ноќни часови;

-Дали имало официјален повик, кој го издал и заради што го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот, во понеделникот на 14.12.2015 година;

-Информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на Кампусот за општествено-хуманистички науки.

Почитувани колешки и колеги, претставници на академската заедница на УКИМ во највисокото тело на Универзитетот – Сенатот на УКИМ, со оглед на тоа што Ректорот Стојковски не одговори на Јавниот повик на ПП за свикување вонредна седница на Сенатот на УКИМ, сметаме дека Ваше право, должност и одговорност е да преземете активности во насока на решавање на сите нејаснотии околу наведените точки. На тој начин ќе ја превенирате евентуалната ескалација на ситуацијата во општествено-хуманистичкиот кампус на УКИМ, а воедно ќе ја заштитите автономијата на високото образование и дигнитетот на академската заедница, пишува во соопштението на Професорскиот пленум.

проф. д-р Влатко Коробар, АФ
проф. д-р Горица Брешковска, МФ
проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, АФ
проф. д-р Лидија Тодоровска, МФ
проф. д-р Радојка Дончева, ГФ
проф. д-р Сузана Трајковиќ–Јолевска, ФФ
проф. д-р Петар Цветановски, ГФ
проф. д-р Рената Славевска Раички, ФФ
проф. д-р Тони Јаневски, ФЕИТ
проф. д-р Алберто Бенедети, СФ
проф. д-р Владимир Димчев, ФЕИТ
проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска, СФ
проф. д-р Алекса Малчевски, МШФ
проф. д-р Душко Иванов, ФФКСЗ
проф. д-р Зоран Пандилов, МШФ
проф. д-р Гино Стрезоски, ФФКСЗ
проф. д-р Лилјана Стефановска, ТМФ
проф. Јорданчо Чеврески, ФДУ
проф. д-р Емилија Фиданчевска, ТМФ
проф. м-р Мими Таневска Србиновска, ФДУ
проф. д-р Маја Јорданова, ПМФ
проф. м-р Михаило Куфојанакис, ФМУ
проф. д-р Мирјана Мирчевска, ПМФ
проф. д-р Драган Даутовски, ФМУ
проф. д-р Сашо Арсов, ЕФ
м-р Жарко Башевски, ФЛУ
проф. д-рВладимир Филиповски, ЕФ
м-р Јован Шумковски, ФЛУ
проф. д-р Гордан Калајџиев, ПФЈП
проф. д-р Бранко Рабаџиски, ФДТМЕ
проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, ПФЈП
проф. д-р Живка Мелоска, ФДТМЕ
проф. д-р Вера Георгиева, ФЗФ
акад. проф. д-р Љупчо Коцарев, ФИНКИ
проф. д-р Михајло Поповски, ФЗФ
проф. д-р Марјан Гушев, ФИНКИ
проф. д-р Маја Бојаџиевска, ФЛФБК
проф. д-р Владо Мицов, ИЗИС
проф. д-р Маргарита Велевска, ФЛФБК
д-р Татјана Петковска-Мирчевска, ЕИ
проф. д-р Ѓулмсере Касапи, ПФКО
проф. д-р Емилија Симоска, ИСППИ
проф. д-р Билјана Камчевска, ПФКО
проф. д-р Даница Андреевска, ЗИ
проф. д-р Владимир Џабирски, ФЗНХ
д-р Мирјана Менковска, ИС
проф. д-р Соња Ивановска, ФЗНХ
д-р Изаим Муртезани, ИФМЦ
проф. д-р Влатко Илиески, ФВМ
д-р Снежана Велковска, н.сов. ИМЈКМ
проф. д-р Славчо Мреношки, ФВМ
д-р Маја Јакимовска – Тошиќ,н.сов. ИМЛ
проф. д-р Јасминка Ризовска Атанасовска, ШФ
проф. д-р Катерина Тодоровска, ИНИ
проф. д-р Александар Трендафилов, ШФ

Би можело да ве интересира

Професорски пленум и НАкС: Предлог-законот за високо образование е исчекор, но има и недоречености

Ана Ололовска

Заев ги поздрави заложбите на професорскиот пленум за враќање на автономијата на Универзитетот

Наум Локоски

Соопштение на Независниот академски синдикат и Професорскиот пленум во врска со усвојувањето на извештајот на ректорот на УКИМ

Наум Локоски

Професорски Пленум со осуда за нерегуларните избори и бруталната полициска акција

А1он

Професорски пленум: Нелегални претставници продолжуваат со обидите за фалсификување на студентската волја

А1он

Реакција на Професорскиот Пленум во врска со упадот на полицијата на просторот на УКИМ

Предраг Петровиќ