А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Професорски пленум: Повлечете го законот, па да дебатираме

by А1он05/01/2015 - 12:2505/01/2015 - 14:55227
Share0

Професорите одбија да учествуваат на дебатата во Александар Палас, со образложение дека нема да даваат легитимитет на недемократска и нетранспарентна процедура за измена на законот за образование.

Добивај вести на вибер

Тие со писмо го известија ректорот на УКИМ дека се заблагодаруваат на поканата упатена до нив, но напоменуваат дека нивниот став е да се повлече законот, а потоа да се отвори широка дебата за законот за високо образование.

Следува интергален тескт од писмото на професорскиот пленум.

Заблагодарјувајќи се на довербата која ја укажавте на неколку претставници на Професорскиот пленум, должни сме да Ве известиме за заклучоците на вечерашната четиричасовна дебата. Во дискусија која ги опфати сите аспекти на утрешниот настан, беше заземен став дека наши претставници не треба да присуствуваат на утрешната конференција, и тоа од неколку причини:

Прво, дебатата е организирана од Владата на Република Македонија во крајно невообичаен формат и за време на викенд. Формална покана се` уште не е доставена, освен што за конференцијата знаеме поради дојава преку медиуми и од Вашиот директен контакт со некои колеги. Ниту има дневен ред, ниту информација за времетраење, список на гости и покриеност со медиуми.

Второ, со нашите колеги-професори не можеме да се гледаме како со ривали, бидејќи веруваме дека и едните и другите се залагаат за иста цел – поквалитетно високо образование. Во академската заедница е најприродно да постојат различни становишта, но не можеме да се конфронтираме и да претставуваме „два табора“ на конференција која ниту е работна група,
ниту е академска расправа. Без оглед какви се ставовите на колегите кои деновиве се потпишуваат во вид на граѓанска иницијатива за „За поддршка на знаењето во високото образование“, ние ги почитуваме. Со нив можеме да спориме на универзитетот, како територија која е независна и автономна од политиката, и за тоа сме подготвени во секое време, за што можеме да се договориме во рамки на универзитетите.

Трето, потсетуваме дека нашите институции, факултетите и универзитетите, одамна излегоа со унисон став во насока на барање законите да се повлечат и да се организира подолга јавна расправа за донесување нов закон за високо образование. Ние како поединци не можеме за времетраење на една ваква дебата да ги соопштиме подобро сите аргументи, кои вие веќе ги доставивте до Владата, а кои се резултат на колективна работа на нашите легитимни тела.

Четврто, по сета медиумска хајка која деновиве се водеше и се уште се води против нас, одбиваме да ја претставуваме страната која наводно се плаши од високи критериуми или ги хушка студентите на протести.

Петто, самата дебата во хотел па дури и ако е организирана од Владата нема никаква смисла. Законот се наоѓа во Собранието, а оваа дебата е средство преку кое Владата сака да легитимира – и тоа со наше соучество – една недемократска и нетранспаретна процедура.

Конечно, со полна доверба во Вас, оставаме да ги пренесете заклучоците на ректорската управа и сенатот на УКИМ, зад кои и ние се уште стоиме цврсто.

Свесни сме дека се ова тешки времиња и за Вас, но ова се денови на искушение и за нашите студенти и за мнозина од нас.

Со почит,
Професорски пленум

profesorski plenum

Би можело да ве интересира

Професорски пленум и НАкС: Предлог-законот за високо образование е исчекор, но има и недоречености

Ана Ололовска27/03/2018 - 09:28

Заев ги поздрави заложбите на професорскиот пленум за враќање на автономијата на Универзитетот

Наум Локоски10/11/2017 - 20:32

Соопштение на Независниот академски синдикат и Професорскиот пленум во врска со усвојувањето на извештајот на ректорот на УКИМ

Наум Локоски01/07/2017 - 12:09

Професорски Пленум со осуда за нерегуларните избори и бруталната полициска акција

А1он01/07/2016 - 14:0701/07/2016 - 14:08

Професорски пленум: Нелегални претставници продолжуваат со обидите за фалсификување на студентската волја

А1он14/06/2016 - 09:40

Реакција на Професорскиот Пленум во врска со упадот на полицијата на просторот на УКИМ

Предраг Петровиќ10/06/2016 - 12:4510/06/2016 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен