Професорски пленум: Да престане дискредитацијата на студентското движење

Од:

Професорскиот пленум изразува длабока загриженост за приведените студенти од Студентскиот пленум кои учествуваа во последните протести пред Владата на Р. Македонија.

„Имајќи ги предвид укажувањата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија за зголемената употреба на сила при приведувањето на дел од учесниците на протестите, бараме надлежните да постапуваат во духот на почитувањето на човековите права и согласно законот. Бараме овие инциденти да не се злоупотребат за дискредитација на студентското движење.

Професорскиот пленум го поддржува правото на студентите од Студентскиот пленум организирано, мирно и ненасилно да организираат, учествуваат и да поддржат јавни собири со цел слободно и јавно да ги изразат своите мислења и барања во поглед на општествените прашања кои ги преокупираат.

Воедно, ги потсетуваме надлежните органи на Р. Македонија, дека се должни на граѓаните и граѓанките да им овозможат непречено да го остварат нивното уставно загарантирано право, мирно да го изразат својот револт или незадоволство од одредени состојби во државата“, стои во соопштението на Професорскиот пленум

Би можело да ве интересира

Професорски пленум и НАкС: Предлог-законот за високо образование е исчекор, но има и недоречености

Ана Ололовска

Заев ги поздрави заложбите на професорскиот пленум за враќање на автономијата на Универзитетот

Наум Локоски

Соопштение на Независниот академски синдикат и Професорскиот пленум во врска со усвојувањето на извештајот на ректорот на УКИМ

Наум Локоски

Професорски Пленум со осуда за нерегуларните избори и бруталната полициска акција

А1он

Професорски пленум: Нелегални претставници продолжуваат со обидите за фалсификување на студентската волја

А1он

Реакција на Професорскиот Пленум во врска со упадот на полицијата на просторот на УКИМ

Предраг Петровиќ