Професорот Ѓуровски нов проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“

Од:

Ректорската управа на Универзитетот „Св.Клименти Охридски“ на предлог на ректорот проф. д-р Сашо Коруновски врз основа на новиот закон за високо образование на тајно гласање едногласно донесе одлука за избор на четири нови проректори на Универзитетот.

За нов проректор на Универзитетот „Св.Клименти Охридски“ е избран професорот Марјан Ѓуровски досегашен Продекан на Факултетот за безбедност-Скопје, Претседател на Македонското политолошко друштво и доктор на безбедносни науки кој ќе раководи со ресорот за студенти и академска мобилност, потоа нов проректор за наука ќе биде Игор Неделковски досегашен декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола, нов проректор за финансии е професорката Гордана Трајкоска од Економскиот факултет – Прилеп, а проректор за настава Љупче Кочоски досегашен декан на Факултетот за биотехнички науки од Битола. Со ова е комплетиран тимот на новиот универзитетски ректорски менаџмент кој има мандат од три години.

Основна задача на новите проректори предводени од ректорот Коруновски е реализација на квалитетен и сеопфатен наставно-образовен процес преку којшто се едуцираат младите кадри во квалификувани и компетентни стручњаци препознатливи на националниот и меѓународниот пазар на труд, но и поврзување, интеракција на тој процес со квалитетен научно-истражувачки и апликативно-истражувачки процес во функција на потребите на опкружувањето.

„Студентите во центарот на образовниот процес во кој им се овозможува и од нив се очекува, одговорен пристап и активно учество, како при стекнувањето на знаења и вештини, така и при создавањето нови знаења. Студентот има право на квалитетно образование, но и обврска за активно учество во него, исполнувајќи ги своите должности во согласност со академските вредности„ изјави новиот проректор Ѓуровски. Според него современите текови ја наметнуваат и потребата за максимално искористување на можностите за студентска мобилност и вклучување на студентите во соодветните облици на студентско организирање на меѓународно ниво во насока на градење на меѓусебна доверба, запознавање, споделување на културните вредности и интернационализација во сферата на високото образование. Овој тренд уште повеќе ја поттикнува потребата за воспоставување и целосна реализација на договорите за соработка со странски универзитети на полето на студентската мобилност и реализирање заеднички студентски проектни активности во различни програми“, заклучи новиот проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, професорот Марјан Ѓуровски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска