Професорката Ачкоска повикана во полициска станица за статусот на Фејсбук за мртви средношколци

Од:

Јавноста се вознемири од информациите кои со огромна брзина се проширија низ некои од медиумите, а со кои се тврди дека средношколци починале поради дрога која им била дадена во кафулиња низ градот. МВР најостро ги демантираше овие информации.

Дел од медиумите непроверено споделуваа статус на универзитетската професорка Виолета Ачковска а во кој беше споменат еден случај на смрт на средношколец тврдејќи дека починал од подметната дрога. Случај на починат средношколец  има но се работи за смрт како последица од пад од зграда.

Поради оваа објава професорката денес била повикана во полициска станица на информативен разговор.

„Во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот. Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности“, велат од МВР за А1он.

Објавата за смртта на средношколецот од СУГС „Георги Димитров“,предизвика паника, револт и страв меѓу граѓаните, бидејќи Ачковска во постот тврдеше дека починал од подметната дрога. Професорката ја избриша објавата од Фејсбук, но поради фактот што одредени медиуми веќе ја објавија, и не ја повлекоа веста – оваа информација се уште се шири во јавноста и предизвикува паника.

МВР најостро ги демантира лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се шират по социјалните медиуми. Имено, овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до денеска (15.03.2023).

МВР категорично ги отфрла овие лаги, бидејќи пријава за таков настан не постои. Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив. Воедно, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции.

 

Би можело да ве интересира

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема