Професорите во шок: Ректорот ги кани на богослужба

Од:

Дел од професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се во шок, по известувањето од ректорот, Проф. д-р Велимир Стојковски

Известувањето ви го пренесуваме во целост:

Ве известуваме дека по повод почетокот на академската 2012/13 година и доаѓањето на уште една нова генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на 16 септември 2012 г. (недела), ќе се одржат следниве активности:

8,30 часот, манастир „Свети Јован Крстител“ во Капиштец, света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, покровител на Богословскиот факултет, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот повардарски г. Агатангел и професорите свештенослужители при Факултетот,

11,00 часот, сала „Архиепископ Доситеј“ (во зградата на Богословскиот факултет до манастирот „Свети Јован Крстител“, молебен за почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Почитувани,

Од името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Ве молам со Вашето присуство да дадете свој придонес во одбележувањето на почетокот на оваа академска година.

Исто така, сакам да напоменам дека влезот во манастирот е отворен за оние студенти и вработени на УКИМ кои сакаат да присуствуваат на овој чин.

Напоменувам дека за оваа пригода не е неопходно да ги носите деканските одори и инсигнии.

Со почит,

Р е к т о р

Проф. д-р Велимир Стојковски

Дел од професорите се револтирани од дописот, и професори, асистенти но и ѓраѓани, преку социјалните мрежи го изразуваат мислењето.

Еве дел од коментарите:

– Сенатот на универзитетот ќе биде заменет со Светиот Архиерејски Синод, а наместо ректор – поглаварот по службена должност ќе ја врши функцијата

– УКИМ е храм на незнаење

– Студентите можат да си ги осветат индексите за 500 денари.

– Е ова е претерано, јас сум верник, ама се претера

– Nаместо со индекс, да не треба со Библија и Куран да се оди на испит?

– Ако си веруваат зошто приватно не си одат? Зошто тоа го прават институционално. На УКИМ студираат и муслимани и протестанти и евреи…

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад