Професори од Уметничко ќе протестираат пред МОН, директорот ги терал да работат на Задушница

Од:

Професорите од скопското Средно уметничко училиште, кои подолго време бараат смена на директорот Филип Фидановски, најавуваат дека утре напладне ќе одржат протест пред Министерствоо за образование и наука, со барање за негово разрешување.

Покрај претходно искажаните обвинувања и замерки за менаџирањето на Фидановски, „Професорскиот президиум“, како што се потпишуваат наставниците во училиштето, на директорот сега му замерува и поради тоа што „го прогласил празникот Задушница за работен ден“, како и дека самиот, противзаконски си ја покачил платата.

Професорите, меѓу другото, обвинуваат и дека министерката за образование Мила Царовска двапати незаконски го поставува Фидановски за В.Д. директор – „првиот пат спротивно на член 91 став 2 и 3 од законот за средно, а вториот пат спротивно на чл. 93-в став 2, кадешто многу јасно се вели дека „ВД директор може да се биде само еднаш во времетраење од 6 месеци“.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците