Професори осомничени во „Еразмус“ добија забрана за работа

Од:

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на четири лица осомничени во случајот „Еразмус“ им определи мерка за претпазливост, односно забрана за преземање определние работни активности кои се поврзани со кривичното дело, која ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата, информират од скопскиот Кривичен суд.

Обвинителот за две лица инволвирани во „Еразмус“ ја повлекол мерката претпазливост.

– Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка за претпазливост против шест лица опфатени со предметот во јавноста познат како „Еразмус“, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден беа повикани шесте лица заедно со нивните полномошници и јавниот обвинител за да се произнесат во врска предложената мерка, се вели во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Во текот на сослушувањето, како што се посочува, обвинителот за две лица го повлекол прелогот за опредлување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен  предлогот за преостанатите четири лица, судијата на претходна постапка донесол одлука со која го прифатил предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определил мерка за претпазливост, односно забрана за преземање определние работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата.
На овие решение, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет при овој суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?