Професор: Списоци со имиња на ученици што бојкотираат се препраќаат во Министерството за образование

Од:

Револитран од односот на директорите на средните училишта каде се одржува бојкот на наставата и од Министерството за образование и наука, во отворено писмо, наставник открива какви притисоци и закани трпат учениците заради тоа што бараат да имаат рамноправен третман при полагањето на државната матура и се против лошите реформи.

Тој пишува: „Ова што се случува во нашите училишта е невидено!

Притисоци се вршат од сите страни. Инспекторите, директорите, замениците бараат списоци со отсутни ученици, на дневна основа. Треба да се знае кое дете каде е во секое време (бојкотира или не!), а списоците што содржат имиња и презимиња на ученици, се препраќаат во Министерството.

Потоа, постојано има закани дека децата ќе добијат неоправдани и ќе бидат казнети класните. Се оди дотаму да се верува дека ако не се во училиште, тогаш можеби, цитирам: „родителите ги кријат“, Копола може да учи од нас.“

Учениците што бојкотираат биле исмевани, тие иле оние „кои не знаат“ што прават, што бараат и залудно губат време на „непотребни нешта“. Тие се исмевани од оние припадниците на „другата страна“

„Во големите училишта каде владее разумот (до некоја мера), учениците се единствени, но во помалите (со помал број ученици) се урива и убива средношколскиот дух на слобода и борба за своето право.

И на крајот, каде беше инспекцијата да го провер квалитетот на наставата досега?

Зошто не дојде во текот на годината за да види како се работи, дали има проблеми, од какв карактер, какви проекти се спроведуваат? Зошто не провери кадри влегуваат на часовите? Туку доаѓа само за да потсети дека „ако не се врши работата, ќе има казни“, пишува наставник, кој е и родител, во отвореното писмо до јавноста.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз