Професор од Кичево делел свидетелства иако бил во задолжителна самоизолација

Од:

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе до надлежното Јавно обвинителство кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осомничениот како класен раководител во основно училиште во Кичево им ги врачил свидетелствата на учениците од класот, иако потпишал изјава за задолжителна самоизолација.

Исто така, Димоски информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, констатирани се девет прекршоци за неносење лична заштитна опрема на лицето. Издадени се прекршочни платни налози за сторен прекршок.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски