Професор Ѓуровски: Преку инклузивните пристап и реформи на безбедносниот систем се доаѓа до балансиран безбедносен сектор

Од:

Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност е учесник и говорник на Меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог 2021 година“ што се одржува во хотел Метропол.

Професорот Ѓуровски како говорник зема учество во панелот посветена на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации за унапредување на агендата за мир, жени и безбедност каде зборуваше заедно со меѓународни претставници од Обединетите нации, министри во владите на Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, и реномирани претставници од академските, деловните и медиумските заедници, граѓанското општество, младинските организации во регионот и пошироко.

Инклузивните пристапи кон реформите во безбедносниот сектор смета професорот Ѓуровски бараат: потреба од создавање еднакви можности во рамките на безбедносните служби на сите нивоа што овозможуваат еднакви можности за вработување, задржување и развој на кариера кај мажите и жените. Преку реформите на безбедносниот систем може да придонесе за посилен и родово балансиран безбедносен сектор. Институционални промени се потребни за да се надминат бариерите за учеството на жените во безбедносниот систем. Треба професионалните стандарди и вредности да се интегрираат и интернат во постојните структури. Преку национални искуства и примери можат да се споделат за родовите перспективи. Воведување на национални механизми постојат за вработување и распоредување на жени во структурите на безбедносниот систем и како претставници во меѓународни мисии за управување со кризи

Покрај тоа Ѓуровски ја истакна потребата за промовирање и развој на ангажирање на жени во полицијата, армијата, судски, обвинителски и институции за спроведување на законот, како и во парламентарниот надзор на безбедносниот систем. Бидејќи безбедносните потреби и искуствата на мажите и жените се разликуваат, националните безбедносни систем можат да бидат ефективни само преку активно учество на жени и мажи. Воедно според професорот Ѓуровски треба да се надградат и да се прошири дискусијата за институционалните промени потребни за да се обезбеди посигурен балансиран и родово одговорен безбедносен систем, како предуслов за зголемување на учеството на жените во меѓународните мисии за управување со кризи и родовата одговорност од овие мисии.

Важен сегмент смета Ѓуровски е создавањето на организациска култура која се заснова на родовата еднаквост. Меѓу важните проекти на кои треба да се посвети посебно внимание е родово одговорното буџетирање на Националните акциски планови и нивно спроведување со мерливи индикатори и јасни цели. Покрај тоа треба да се додаат и прошират во предметните и студиските програми на едукативните институции за безбедност и одбрана содржини на тема Резолуцијата 1325 и другите резолуции од жени, мир и безбедност.

Би можело да ве интересира

Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ

Видео-бим падна врз модераторката на „Преспа форумот“ во Струга, дебатата е привремено прекината

Горан Наумовски

Ковачевски-Ди Карло: С. Македонија и ОН се партнери во справувањето со глобалните предизвици

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски-Ескобар: Стратешкиот дијалог со САД отвора перспективи за нови проекти и иницијативи од интерес на граѓаните

Ана Ололовска

Ковачевски на Преспа форум: Интегриран Западен Балкан е важен за обединета економски силна Европа

Ана Ололовска

Состанок во форматот Б6 со специјалните претставници за Западен Балкан

Ана Ололовска