Проф. д-р Леонид Наков: Сите обвинувања во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутна невистина

Од:

Професор д-р Леонид Наков упати демант на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Демантот го објавуваме во целост:

„Со големо изненадување и неверување го прочитав денешното Соопштение од ВМРО ДПМНЕ, објавено во медиумите, а кое содржи редица на невистини, со цел обид за дисквалификација, упатени кон мене, поради што се одлучив да ја запознаам целокупната јавност со објективната и реална фактичка состојба“, се вели во демантот.

„Имено, мојот ко-авторски труд The Impact of Organizational Changes on Increasing SMEs Competitiveness претставува оригинално методолошко-емпириско истражување, кои се потпира врз изворни податоци, анализи и модели, кои се обезбедени и подготвени од страна на самите автори.

Оттука, во ниту еден случај не може да стане збор за плагијат, со што, сите објавени обвинувања во Соопштението се апсолутна невистина. Ова не е ништо друго освен неуспешен обид за неосновано нанесување штета кон мојата личност и углед. Впрочем, сите мои домашни и меѓународни експертски позиции претставуваат најдобриот одговор за мојот личен и професионален интегритет, углед и препознатливост“, пишува во демантот на проф. д-р Леонид Наков.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела