Проф. д-р Фуштиќ: И.П. е во стабилна состојба, модулаторна терапија ќе прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест

Од:

Директорката на Универзитетската клиника за детски болести проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, преку писмено соопштение се огласи во врска со „зачестените јавувања во медиумите и социјалните мрежи на пациентот со цистична фиброза И.П. и изјавите дека е во критична состојба“.

– Поради зачестените јавувања во медиумите и социјалните мрежи на пациентот со цистична фиброза И.П. и изјавите дека е во критична состојба, како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести, сакам да изјавам следното: И.П. е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре (15.04.2023). Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ.

„Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест. Во првата фаза започнавме со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40% од предвидениот)“, додава таа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Набавката на трикафта повторно заглави

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на 3 мај, ако не добијат одговор до каде е работата со набавката на „трикафта“

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска