Проектот за седиштето на Универзитетот „Мајка Тереза“ го обезбеди МО, но МОН и ректорот не го потпишаа

Од:

Владата на Република Северна Македонија ги задолжи Министерството за одбрана, МОН и Универзитетот „Мајка Тереза“ да склучат договор за регулирање на начинот и условите за реконструкција и реновирање, спроведување на постапка на групна јавна набавка за изведување на надзор и изведување на работите“, одговори меѓу другото министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прашање поставено на денешната собраниска седница за пратенички прашања кога ќе се обезбеди дозвола и кога ќе започнат градежните активности за објектот-седиште на Универзитетот „Мајка Тереза“.

За оние пратеници кои не се во тек, појасни Шекеринска, Универзитетот „Мајка Тереза“ има потреба од дополнителни простории.

– И кога првиот пат дојде ректорот на Влада и разговараше со мене, предложи, бидејќи се наоѓаат навистина во близина на касарната „Илинден“ еден дел од зградите коишто ги користи Армијата, а се практично залепени до другите простории на Универзитетот, ако може да ги отстапиме на Универзитетот, а тие со нивните пари да реновираат други постари објекти внатре во касарната со што сите ќе бидат посреќни и позадоволни, појасни таа.

Во меѓувреме, истакна Шекеринска, МО дури и без пари од Универзитетот самото инвестирало да се направи изведбен проект за да може понатаму да се оди со заедничка групна набавка.

Не треба дозволи, потенцира, бидејќи за касарните не важи Законот за градба, туку важи Законот за одбрана.

– И се одеше брзо и после овој заклучок беше доставен договор изработен за групна набавка помеѓу нас, МОН и Универзитет „Мајка Тереза“ и велам иако ова не е мој ресор, јас прво го потпишав. За жал, не беше потпишано од министерот за образование и наука, а потоа и од страна на ректорот. Јас во нивно име не можам да потпишам. И затоа реков, одлично е прашањето ама погрешна е адресата, информира министерката за одбрана.

Таа смета дека ова е еден од примерите како се покажува оти одредени луѓе во администрација, не сите, посочи, прават да бидеме неефикасни, а и печалат некакви други поени.

– Јас претпоставувам дека во околината има и заинтересирани луѓе кои можеби сакаат на државата да и наплатат многу пари за да си купи земја. Не знам која беше причината, ама наеднаш истата администрација во другото Министерство кое што претходно четири месеци ги читало заклучоците од Влада, не се побунило, наеднаш излезе со став и за жал го убеди мојот колега министер со кој имаме добра соработка и разговаравме на оваа тема дека тоа ќе биде спорно. И сега во ситуација кога велам МО што не е наша надлежност да мислиме за Универзитетот, но мислам дека е наша задача како граѓани, како министри за сите да мислиме, ние си подготвивме проект, си плативме проект за реконструкција, не се тоа малу пари и сега ни можеме да одиме лево, ни можеме да одиме десно, забележа Шекеринска.

Таа информира дека најавила во Министерството за финансии дека доколку Универзитетот „Мајка Тереза“ повторно излезе со барање за следната година да купат земја или да обезбедат објекти, тие пари да ги дадат на одбрана.

Министерката за одбрана Шекеринска упати апел да се наоѓаат решенија, а не причини зошто нешто не може да се реши.

– Владата покажа многу добра волја, четири пати дискутиравме на Влада на оваа точка, ама сите со својата одговорност. Јас во туѓо име не можам да потпишам договор, јас во туѓо име не можам да ги забрзам постапките. Постапката што зависела од мене или од МО е целосно завршена и пред роковите. Сами не можеме да направиме чудо, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет