Проектот за едукативен центар во пехчевското село Негрево во завршна фаза

Од:

Општина Пехчево денеска го објави конкурсот за избор на лице задолжено за раководење со Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, со што реализацијата на проектот поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, се приведува во завршна фаза.

Според, одговорното лице во општина Пехчево Елица Јовевска, овој иновативен проект е со цел да го поддржи едукативниот процес на сите нивоа од образованието во регионот и пошироко, овозможувајќи им на учениците и студентите на еден креативен начин да се запознаат со природните вредности во Брегалничкиот регион.

– Едукативниот центар ќе ја збогати содржината на еднодневните едукативни екскурзии на учениците кои се организираат во рамките на образовниот процес, а истовремено ќе придонесе и кон промоција на природното богатство од регионот и начините на неговото одржливо управување и користење преку посети организирани за различни целни групи. Затоа, лицето кое го бараме преку конкурс, ќе биде задолжено за планирање и реализација на активностите на Едукативниот центар. Исто така, ова лице ќе врши одредени предавања, обуки и семинари, ќе биде водич на едукативните посети и ќе ги врши координациите помеѓу Едукативниот центар, корисниците на услугите на Едукативниот центар и сите останати релевантни фактори, изјави Јовевска.

Додаде дека опремувањето и надворешното уредување на Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во село Негрево е во завршна фаза и во него ќе има многу креативни игри и содржини.

– Овој центар веќе е регистриран како невладино здружение, посебен правен субјект и во иднина ќе може да се аплицира на проекти за негов развој, развој на туризмот во Пехчево и регионот, како и негова одржливост, потецираше Јовевска.

Едукаивниот центар во Негрево е сместен во старата напуштена училина зграда во селото и во рамките на овој проект беше извршена негова комплетна реконструкција. Проектот се реализира во соработка со Центарот на источно-планскиот регион, општина Пехчево, а финансиската поддршка е преку Програмата за зачувување на природата финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка при што се инвестирани 150 илјади швајцарски франци.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он