Проектот „Традиционални спортски игри“ во општина Свети Николе

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)”, денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општина Свети Николе.

Целта на проектот е да се промовира Спортски Бон -Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe со нивните традиции, култури и обичаи.

Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)“ се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.

Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“ беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.

Би можело да ве интересира

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он

ВИДЕО: Тепачката во Мајами фрли сенка на импресивната серија

Предраг Петровиќ

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Хозе Мариа Берокал е нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија

(ВИДЕО) Шелтон: „Знам дека го сакавте Новак – слушнав од трибините“

Предраг Петровиќ

Македонија и Португалија одиграа нерешено во драматичен ракометен дуел