Проектот „Супер Марио“ изгласан од советниците на општина Прилеп

Од:

На последната седница на Советот на општина Прилеп беше дадено зелено светло за проектот наречен „Супер Марио“, кој се однесува на помош на стари и изнемоштени лица. Носител на овој проект ќе биде домот „Киро Крстески – Платник“, кој преку обучени волонтери ќе им помага на 100-ина стари и изнемоштени лица.

Целта на овој проект е да им биде олесенет животот на старите лица што живеат сами во својот дом. Според претседателот на Советот на општина Прилеп, во проектот ќе бидат вклучени 15 волонтери за период од 12 месеци.

Проектот„Супер Марио“ предизвика поголема дискусија кај советниците, при што оние од опозицијата побараа и нивни член да учествува во комисијата за избор на волонтери, со што би се запазила стручноста,но и покрај поголемата дискусија проектот беше прифатен и поздравен од советниците како добра идеја за помош на оваа категорија граѓани.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена