Проектот „Спортот и семејните вредности“ промовиран во Македонски Брод

Од:

По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани и Кратово, Македонски Брод е седмата општина во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот „Спортот и семејните вредности“.

Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.

Спортската сала во ОУ „Св. Климент Охридски“ беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители другаруваа и се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка „Здрвен дедо“, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри. 

Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

– Она што е многу битно во овој динамичен начин на живот каде најчеста појава е отуѓеноста во самите семејства еден од најдобрите настани кои можеме да ги приуштиме е спортот и дружбата. Верувам дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата, изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.

Би можело да ве интересира

Започнува егзотиката на Африканскиот куп на нации

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

Извлечени сите групи за Светското првенство во фудбал

ФИФА на Трамп му ја додели наградата за мир

Предраг Петровиќ

Интер се извлече – Лаутаро човекот на одлука во Пиза

Ливерпул го „дочека“ Исак – и победа во Лондон

Предраг Петровиќ