Проектот „Пријави проблем“ успешно се спроведува и оваа година

Од:

Проектот „Пријави Проблем“ работи со полна пареа и оваа година. Во текот на месец март до општинскиот сервис за брзи услуги, граѓаните на општина Прилеп доставиле вкупно 124 пријави.

Од нив решени се 108 пријави, а другите 16 пријави се во процес на решавање, бидејќи станува збор за проблеми што не се решаваат во период од 48 часа.

Најголем број од пријавите, или 77 во месец март, се од областа на уличното oсветлување, 15 oштетени шахти, 19 од областа на водовод и канализација.

Во првите три месеци од оваа година до општинскиот сервис „Пријави проблем“ доставени се вкупно 284 пријави, од кои 251 се решени.

Бројот на поднесените пријави потврдува дека граѓаните на Прилеп се повеќе му веруваат на системот „Пријави проблем“ и преку него бараат решавање на своите проблеми. Најголем дел од нив се решаваат во рок од 48 часа. Другите пријави се во процес на решавање.

Граѓаните пријавуваат најразлични проблеми, почнувајќи од улично осветлување, оштетен асфалт и сообраќајни знаци, оштетени шахти, дивоградби депонии, па сè до хаварисани возила. Со градежни активности биле опфатени повеќе улици од градското подрачје со пријавени ударни дупк,и кои навремено се санирале. Од страна, пак, на ЈКП „Водовод и канализација“ санирани се пријавените шахти.

Проектот „Пријави проблем“ останува да биде еден од најпрактичните линкови меѓу локалната самоуправа на општина Прилеп и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски