Проектот „Охрид ТрчаТ“ ќе се промовира на атлетски маратон во Дубровник

Од:

Најголемиот спортски настан во Охрид, популарен како „Охрид ТрчаТ“, викендов на 28 и 29 април ќе биде промовиран на престижниот Атлетски маратон, кој ќе се одржи во еден од најубавите и најпосетувани градови во Хрватска, Дубровник.

Осумчлената експедиција од тимот на Охрид ТрчаТ ќе биде задолжена да го промовира Атлетскиот викенд на саемот за трки и организации на кој ќе присуства целата светска маратонска елита.

„Проектот „Охрид ТрчаТ“ сакаме во најдобрo светло да го презентираме пред светската јавност. Во Дубровник одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот атлетски викенд и да собереме сили за финалните подготовки кои не очекуваат“, велат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, која е организиратор на „Охрид ТрчаТ“.

„Охрид ТрчаТ“ на 3 јуни низ улиците на Охрид ќе се одржи по втор пат, а првото издание собра повеќе од 500 маратонци од регионов.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник