Проектот „Центар се грижи за возрасните“ стартува во април

Од:

Oд месец април општина Центар продолжува со проектот „Центар се грижи за возрасните“. Со ова, општината ја покажува грижата за возрасните жители на кои ќе им ја обезбеди потребната нега кои живеат на нејзина територија.

Општината ги повикува сите лица-пензионери, жители на Центар од 23.03.2018 година (петок) во Архивата да ги поднесат апликацијата и неопходни документи.

Апликантите, или нивни блиски, треба да поднесат фото-копија од лична карта, фото-копија од потврда за пензија и фото-копија од медицински документ за здравствена состојба. Пријавите ќе ги разгледува стручна комисија, која при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош. Со проектот ќе бидат опфатени 90 лица.

Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, како и досега првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега.

Потоа, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.

Лиценцирани негуватели ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно. Оваа година е предвиден поголем буџет за проектот и на барање на граѓаните, возрасните лица на располагање ќе имаат и физиотерапевт, медицинска сестра и психолог во зависност од потребите на корисниците, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар