Проектот „Центар се грижи за возрасните“ и следната година, со нови побогати содржини

Од:

Општина Центар во 2018 го продолжува проектот, „Центар се грижи за возрасните“, за нега на возрасните граѓани кои живеат на територија на општината.

Моментално акцијата паузира а во наредната година ќе бидат склучени нови договори кои ќе имаат важност цела година со нови содржини и поволности. За 2018-та година за оваа намена, општина Центар ќе издвои поголем буџет. Голем е интересот на граѓаните на општината за овој проект и за реализацијата од страна на Здружението „Хуманост“.

Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, како и досега првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега. Потоа, земјаќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.

Лиценцирани негователи ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно за да се добие потребната нега.

Физиотерапевт кој ќе ги посетува два пати во неделата или 8 пати месечно за лицата кои имаат потреба од физикална терапија.

Новина е тоа што еднаш месечно корисниците ќе ги посети медицинска сестра или психолог во зависност од потребите на корисниците.

Стручна комисија, при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар