Проект за родовобазирано насилство во Пехчево

Од:

Проблемите со жртвите на семејното насилство и родовобазираното насилство беа тема на обуката на претставниците од сите надлежни иституции и невладиниот сектор од Источно-планскиот регион што се одржа во Пехчево во рамките на проектот „Здружени кон промени“, финансиран од Програмата за поддршка на граѓанското општество од Цивика Мобилитас.

Проектот го имплементира Националниот совет за родова рамноправност и Организацијата на жените од Пехчево, како членка на овој Совет.

Нада Симовска, претседателка на ОЖ од Пехчево истакна дека целта е да се подигне свеста кај сите институции кои се надлежни за третирање на семејното насилство.

– Целта е да ја подигнеме свеста за семејното насилство, да направиме притисок за ратификување на Конвенцијата за надминување на секаков вид дискриминација, особено семејното насилстсво и родовобазираното насилство. Нашата држава ја има потпишано Инстанбулската конвеција, но ја нема ратификувано. Свесна сум дека и самата ратификација не значи и остварување на целите, но ние ќе настојуваме за остварување на стандардите и насоките на дадени во оваа Конвенција, рече Симовска.

Таа додаде дека следната работилница ќе биде во соработка со адвокати, судии, јавни обвинители, претставници од МВР, од здравствените установи, од центрите за социјални работи и невладиниот сектор, со цел да се формира локално координативно тело кое ќе се справува со проблемот за сместување на жртвата, но и да се намалат проблемите на жртвата и да се избегне нејзиното шетање од една до друга институција.

Бети Пеева од НВО „Ехо“ истакна дека со овие обука ќе се едуцираат сите инволвирани институции во третирањето на родовобазирано насилство

– Очекуваме да ги едуцираме институциите, вработените во релевантните институции, центрите за социјални работи, полицијата, општината, здравствените организации, сите оние кои се задолжени да го третираат проблемот на родовобазирано насилство дека, всушност, ние од сега натаму, треба да се осврнеме на родовобазираното насилство, бидејќи жената е таа која е несразмерно погодена, кога станува збор за насилство, рече Пеева.

Според статистичките податоци, во 87 отсто од сите кривични случаи на семејно насилство, жртва е жена, во 92 отсто жртва е партнерка или сопруга, а само во 4 отсто станува збор за насилство врз маж, но насилници не се жените, туку браќа, родители и други.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он