Проект за реконструкција на базиликата „Св.Пантелејмон“ на Плаошник

Од:

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, денеска ќе го промовира 3Д проектот за реконструкција на базликата „Св. Пантелејмон“, што се наоѓа на археолошкото наоѓалиште Плаошник, Охрид.

Презентацијата се одржува во рамки на „Првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам“.

Трикоридорната ранохристијанска базилика на локалитетот Плаошник претрпела неколку промени низ вековите. Овој проект вклучува визуелна реконструкција на сите фази: црквата пред Св. Климент Охридски, за време на Св. Климент Охридски и црквата после неговиот живот.

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ работи на овој проект во соработка со Музеј Охрид под менторство на познатиот археолог Владо Маленко.

Визуелната реконструкција на археолошки наоѓалишта и споменици, односно создавањето 3Д модели и виртуелна реалност со помош на графичка техника (3Д, МАX, МАYА)станува еден од најактуелните методи за документација на археолошкото наследство, но исто така и за промоција на културното наследство пред јавноста, се наведува во соопштението од Универзитетот.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид