Проект за развој на туризмот во Крива Паланка и Витина

Од:

Со европски пари општина Крива Паланка и косовската општина Витина ќе градат пешачки патеки и ќе ги развиваат туризмот и меѓусебната соработка. Активностите се предвидени со проект насловен „Туризам без граници“, што ќе се имплементира во наредните 18 месеци во рамки на ИПА програмата на Европската унија, за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Косово.

– Станува збор за проект кој спаѓа во групата на инвестициски проекти и предвидува изградба на пешачки патеки во двете општини, како и низа неинвестициски активности кои треба да придонесат за унапредување на туризамот и туристичката понуда во двете општини, да дадат придонес за интензивирање и продлабочување на соработката како на локално ниво така и помеѓу двете соседни држави, и градење заедничка европска иднина, што всушност претставува и основна цел на ИПА програмата на Европската унија, информира градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски