Проект за поголема вклученост на граѓаните во локалните политики во Карпош

Од:

Општина Карпош е првата локална самоуправа во Град Скопје која ќе почне да го спроведува проектот „Horizon 2020 inherit“ во соработка со Инситутот за јавно здравје на Република Македонија. Станува збор за проект кој овозможува зголемена вклученост на граѓаните и различните целни групи во креирање на локалните политики.

Од општината информираат дека за таа цел подготвен е Прашалник за здрава населба преку кој граѓаните, претставниците на формалните и неформалните здруженија ќе имаат можност да дадат мислење за најразлични прашања и тоа: квалитетот на живот во нивната населба, урбанистичкото планирање, нивото на хигиена, состојбата на улици, степенот на развиеност на локалната економија, безбедноста и одржувањето на населбата и други прашања од локално значење.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека проектот дава шанса за добивање на повеќе мислења и сугестии од граѓани, експерти, организации, кои ќе бидат вметнати во секторски програми на Општината, во периодот на креирање на идните буџети.

Советникот од Инситутот за јавно здравје, проф.д-р Драган Ѓорѓев напомена дека овој проект овозможува градење на чувство на припадност на граѓаните кон населбата. Со тоа што ќе бидат прашани, граѓаните ќе знаат дека општината го вреднува нивниот став, а конкретните идеи кои ќе бидат преточени во решенија или проекти на Карпош го заокружуваат процесот на заедничко креирање на локални политики.

Проектот „Hоrizon 2020 inherit“ веќе се спроведува во Латвија и во други земји од Европската унија. Од општината наведуваат дека проектот е прилагоден и за нашите услови, при што се водело сметка да бидат застапени ставовите на повеќе категории на граѓани и целни групи.

Со цел да се заокружи рамката за реализација на проектните активности, општина Карпош и Инситутот за јавно здравје на Република Македонија денеска склучија Меморандум за соработка.

Во претстојниот период ќе се договори и Оперативниот план за спроведување на проектот, со конкретни временски периоди на реализација, методолошки пристап и определување на други субјекти кои би биле вклучени во проектот, информираат од општината.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот