Проект за подобра интеркултурна соработка на младите од Охрид и Поградец

Од:

Дваесет ученици од Охрид и албанскиот град Поградец учествуваат во едукативниот семинар за интеркултурен дијалог што во организација на Младинскиот совет викендов се одржува во Охрид.

Активностите се дел од поширок проект „Преку езерото“ за креирање на погранична интеркултурна стратегија, насочен кон запознавање на младите со основните значења на поимите култура, интеркултура и мултикултура, запознавање со концептите на правната држава и владеењето на правото, демократијата и човековите права, но и во насока на надминување на стереотипите и предрасудите.

Младите опфатени во проектот во соработка со претставници на институции, организации и индивидуалци, ќе изготват документ што ќе продонесе за подобрување на интеркултурната соработка во двете општини. Се очекува стратегијата да биде изготвена до март идната година и таа да биде усвоена од локалните самоуправи на Охрид и Поградец

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум