Со реализација на проект за општинско корисна работа, општина Богданци одлучи и оваа година да ја поддржи Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни мерки за вработување во 2018 година.
Од општината информираат дека се наоѓаат во подготвителна фаза за аплицирање за проектот и оти при утврдување на приоритетите ќе се користи алатката „Моја општина“.
– Преку оваа алатка граѓаните рамноправно ќе можат да учествуваат во изборот на потпрограма и на услугите со кои ќе се аплицира во програмата за општинско корисна работа во 2018 година, велат од општина Богданци.
Резултатите од користењето на оваа алатка ќе бидат земени во предвид при конечната анализа и изготвувањето на формуларот за апликација.