А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Проект „Мобилен оне стоп кариерен центар“ во 26 општини во Македонија

by А1он28/06/2017 - 09:25100
Share0

Во 26 општини во Македонија во наредните 12 месеци ќе се спроведе проект „Мобилен оне стоп кариерен центар”. Целта е да се зголемат капацитетите на младите и жените за развивање вештини за вработување и самовработување, како и да се придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во осумте плански региони во државава.

Добивај вести на вибер

Проектот ќе се спроведе со средства на Фондацијата Голдилокс и Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.

– Треба да им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери, соопшти фондацијата Голдилокс.

Реализацијата на проектот, како што информираат, ќе се одвива преку локални настани на кои учесниците ќе имаат можност да дознаат информации од прва рака за конкретни индустрии, потребните вештини, како и можноста за развој во тие индустрии. Покрај ова, ќе имаат можност за индивидуални сесии со кариерни советници, како и со експерт говорник со цел креирање кариерни планови и продлабочување на знаењата во индустријата.

Караванот на Мобилниот ОнеСтоп Кариерен Центар почнува денеска во Скопје, по што продолжува во Охрид на 21 јули, во Струга на 24 јули, во Велес на 28 август, во Кавадараци на 30 август, а ќе продолжи и во Прилеп, Струмица, Битола, Гевгелија, Кичево, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка и Кочани.

biznis

Би можело да ве интересира

Средношколци од Прилеп наградени за бизнис идеја: мебел-коцка што се трансформира

Жарко Настоски15/03/2021 - 19:27

Азески: Политичките случувања не влијаат врз бизнисот со Бугарија

Катерина Ѓуровски24/12/2020 - 13:07

Спасовски и Апостолска: Владата направи пресврт во поддршката на бизнисите

Драган Поповски10/02/2020 - 18:23

Заев: Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

Татјана Ташкова11/11/2019 - 16:45

Груевски на бизнис забава во Будимпешта

А1он11/07/2019 - 20:0712/07/2019 - 06:56

Арбитражата можност за решавање на работните спорови

Ана Ололовска20/02/2017 - 14:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен