А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжување на кризната состојба заради мигрантите на дневен ред на 126-тата собраниска седница

by А1он23/12/2019 - 08:18144
Share0

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 126-тата седница на чиј денвен ред се 123 точки меѓу кои и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава.

Добивај вести на вибер

Во рамките на седницата пратениците треба да разгледаат повеќе законски решенија по скратена постапка и во прво читање, како и да се изврши избор на првите луќе во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за квалитет во високото образование и Комисијата на Агенцијата за пошти.

На дневнен ред се и Предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции и Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, како и неколку ратификации на спогодби.

Пред пратеницте ќе се најдат и Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, на Законот за еднакви можности на жените и мажите, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за инвалидски организации, и на Законот за употреба на знаковниот јазик, сите по скратена постапка.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен