Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

Од:

Министерството за внатрешни работи информира за нови кражби на бронзени бисти од гробиштата во Бутел.

– На 29.10.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти. Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во изветувањето од МВР.

Во текот на оваа година имаше повеќе кражби на бронзни бисти од гробиштата во Бутел, но и на неколку други локации.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски