Продолжува замената на азбестни покриви во Карпош

Од:

Со подобрување на временските услови, Општина Карпош продолжи со акцијата за замена на старите азбестни покриви на индивидуалните и колективните станбени објекти кои се наоѓаат на нејзина територија.

Од општината информираат дека денеска пристигнал ребрастиот пластифициран лим кој ќе се употреби на местото на стариот покрив на куќата на улица Будимпештанска бр. 4б, во населбата Тафталиџе 2. Досега, ова е 12-ти индивидуален објект кај кој ќе се врши замена на дотраениот азбестен покрив со висококвалитетен бел лим, кој е во согласност со новите светски градежни стандарди.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, изјави дека во е план да се отстранат сите азбестни покриви кај индивидуалните и колективните станбени објекти кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа до 2020 година.

– Ги повикувам сите граѓани кои се заинтересирани, да аплицираат до нас, за да може Општината навремено да ги планира тие средства за конкретната намена, со што успешно би ја реализирале оваа акција за замена на старите покриви, рече Јакимовски.

Локалната самоуправа ја започна оваа иницијатива кон крајот на 2016 година и досега интервенираше дури кај 11 колективни станбени згради.

Акцијата за промена на старите покриви ја одобри Советот на Општина Карпош, на 11 седница во јануари 2014 година. На овој начин локалната самоуправа сака да ги стимулира своите сограѓани да ги заменат азбестните покриви кои во својот состав содржат канцерогени елементи.

За таа цел, кај колективните згради, Општина Карпош ги покрива трошоците за обезбедување на ребраст пластифициран лим, комплет шрафови со капи и гумици, дрвени штафни за зајакнување на постоечката конструкција и ПВЦ фолија за парни брани. Трошоците за работна рака и изборот на изведувач се обврска на станарите.

За индивидуалните објекти, локалната самоуправа обезбедува средства за нов пластифициран ребраст лим за целата покривна површина, комплет шрафови со капи и гумици. Трошоците за работна рака и изборот на изведувач се обврска на сопствениците на куќите.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира