Продолжува вакцинацијата, 400 илјади пријавени

Од:

400.284 граѓани досега се пријавени за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk. На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани.

Вчера во земјава пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Бројот на новозаразени со вирусот Ковид-19 во државава континуирано опаѓа. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се седум нови случаи на Ковид-19 од направени 1.418 тестирања. Сите нови пациенти позитивни на коронавирусот се од Скопје. Регистрирани се 71 оздравени пациенти и 18 починати лица, од кои седум од Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројот на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а на активни случаи изнесува 2.798 од кои 1129 се во Скопје.

Се намалува и бројот на хоспитализирани со Ковид-19. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 317 пациенти со Ковид-19, од кои 131 се во Скопје.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски